За Нас

ISO 9001:2015(pdf english) Политика за Квалитет (pdf)

 

ФОРМА дооел e семејна фирма, основана 1991 година, која по дваесет и пет годишно постоење се етаблира како лидер во областа на индустриско кодирање маркирање и контрола на Македонскиот Пазар. Со својата партнерска мрежа на светски познати компании: Videojet Technologies International, Carl-Valentin, Korthofah, SIC Marking и Prisma Industriale, нуди широк дијапазон на решенија за кодирање, маркирање и контрола во индустријата и тоа:

  • Videojet Technologies САД како дел од технолошкиот гигант Danaher е најголем светски производител на уреди за безконтактно маркирање на производи.
  • Valentin Carl - Германија е производител на термал-трансфер принтери за етикети и системи за етикетирање.
  • SIC Marking - Франција е водечки светски производител на уреди за маркирање по пат на директно гравирање во материјалот со ударна игла.
  • Prisma Industriale е водечки италијански производител на метал детектори за контрола на производство и имплементација на НАССР системот.
  • Reiner – Германија е единствен светски производител на рачни инк-џет уреди за мануелно обележување на производи.
  • Wolke – Германија е најиновативниот производител на термални-инк-џет принтери и референца во фармацевтската индустрија.

Во последните години дојде до вистинска експанзија на примената на нашите уреди во сите гранки на индустријата. Нашите клиенти ги користат да го подобрат квалитетот на производите, да ја зајакнат контролата со обележување на датумот, времето серискиот број, извозна декларација, етикета и многу други ознаки и знаци како на пр. УПОТРЕБЛИВО ДО. Воедно уредите кои ги нудиме претставуваат основен предуслов за добивање на сертификатите ISO и HACCP.

Избор за секоја примена:
Големиот асортиман кој го нудиме овозможува корисниците секогаш да го изберат најоптималниот модел според нивните производни потреби.

Сервис и техничка подршка
Нашиот технички центар овозможува 24 часовна подршка, 365 дена во годината со современи сервисни возила, резервни уреди за користење и константен лагер на резервни делови и конзумативи.

Портфолио
Со својата голема база на повеќе од петстотини инсталирани решенија на подрачјето на Македонија, ФОРМА дооел соработува со водечките производни фирми на овие пазари, што е доказ за квалитетот на услугите кои ги нудиме за нашите клиенти.Јавете се уште денес да Ви помогнеме вашите производи да ги задоволат стандардите на светските пазари!