Рачни инк-џет принтери за мали серии

Reiner 790-792MP


Уредот се состои од глава со контролер и рачка во вид на печат и испишувањето се врши со инк-џет кертриџ кој воедно е и главата за испишување.

Принтерот овозможува штампање на датум на производство, употребливо до:, шаржа, време, сериски броеви и мал текст во максимум два реда по 20 карактери и пораката се креира на компјутер со специјален софтвер во склоп на уредот, и со USB кабел се пренесува во принтерот. Со тоа се овозможува штампање на променливи информации по производи.

Уредот претставува најадекватна замена на традиционалните печати, бидејки овозможува штампање на променливи информации на производите и по непорозни и закривени површини (што не може да се постигне со обичен печат).
Модел 790MP со батерии за независна операција низ погонот, но со лимитиран број на штампи со едно полнење.
Модел 792MP со надворешно напојување, и неограничен број на штампи во еден производен циклус.

За брошура кликнете тука.

Reiner jetStamp Graphic 970


Уредот се состои од глава со контролер и рачка во вид на печат и испишувањето се врши со инк-џет кертриџ кој воедно е и главата за испишување.

Принтерот овозможува штампање на било какви бар-кодови, логоа, датум на производство, употребливо до:, шаржа, време, сериски броеви и текст со резолуција до 300dpi со максимална висина од 12,7мм и пораката се креира на компјутер со специјален софтвер во склоп на уредот, и со USB кабел се пренесува во принтерот.

Уредот претставува покретна и флексибилна замена за лепење на етикети на многу типови на производи на кои им треба променлив бар код, ситен текст, серијализација и сл.

За брошура кликнете тука.