Новости


05.04.2017

Interpack 2017

Премиера на новиот CIJ принтер на Videojet

Повеќе


01.02.2017

Форма rebranding

По 25 години постоење и 15 години во сферата на индустриското маркирање, се појави потреба за промена на нашето лого кое ке е во склад со модерните текови и ке биде рефлексија на нашата дејност. Затоа го одбравме новото лого кое ке претставува освежување на нашиот имиџ кој го градиме веќе 25 години и ке претставува препознатлив знак за сите наши клиенти.


11.10.2016

Videojet Outstanding Growth Award 2015/2016

На годишната Videojet конференција која се одржа во Париз, Форма ја доби престижната награда Outstanding Growth за покажаните резултати во продажбите во 2015 и 2016 година и континуираниот раст на Македонскиот пазар. Наградата беше врачена од г-дин Christopher Riley, CEO Videojet.

Повеќе


10.09.2016

Јубилеј 25 години од постоењето на Форма Куманово

Форма обележа 25 годишно постоење на Македонскиот пазар и 15 годишно партнерство со Videojet како наш главен технолошки и стратешки партнер. Јубилејот беше обележан со мал прием во седиштето на Videojet Technologies, во Wood Dale, САД.

Сметајки дека не е време за големи и гламурозни прослави, донираме средства за помош на здружението на лица со интелектуална попреченост, “Порака Наша” од Куманово.

https://www.facebook.com/Poraka-Nasa-Kumanovo-1601865716724356/ 

Остануваме посветени на визијата и мисијата да бидеме водечка компанија во делот на индустриското маркирање во Р.Македонија.

Повеќе


23.03.2016

Excellent SME Macedonia сертификат

ФОРМА во соработка со Стопанската Комора на Македонија го доби Excellent SME Macedonia (http://excellentsme.com/) сертификат за деловно работење, кој се издава на фирми со добар бонитет, проверен од реномираната агенција за кредитен рејтингCoface – Хрватска. (www.coface.com).
Овој сертификат претставува уверување дека нашите клиенти имаат сигурен и стабилен партнер во работата подржан и проверен од Стопанската Комора на Македонија со една до водечките агенции за кредитен рејтинг во Регионот.
https://excellent-sme-macedonia.safesigned.com/forma-dooel


21.02.2014

“Иновативни технологии на индустриско маркирање и кодирање во склад со светските стандарди”

На 21 Февруари во просториите на Стопанска Комора на Македонија беше одржан семинар на тема “Иновативни технологии на индустриско маркирање и кодирање во склад со светските стандарди”, каде што беа претставени решенијата и производите на Videojet Technologies, презентирани од менаџерот по продажба за Источна Европа, г-ѓа Габриела Вилањи, продукт менаџерот за ласерски технологии г-дин Нејтан Метјуз и генералниот менаџер на Форма – Куманово, г-дин Џартовски Игор.


26.09.2011

Технома 2011

Форма ќе се претстави на меѓународниот саем Технома 2011, од 18 до 22 октомври, кој ќе се одржи на Скопскиот саем. Ќе бидат претставени најновите производи од наето дистрибутерско портфолио: Videojet, Valentin Carl, Prisma Industriale, T-trade итн. Ве очекуваме на нашиот штанд во Анекс 3.


20.08.2011

Wolke Inks&Printers

Форма во своето портфолио ја додаде и реномираната германска фирма Wolke Inks&Printers, специјализирана за принтери базирани на HP TIJ технологија за примена во фармацевската и прехрамбената индустрија.


16.03.2011

Hаграда "8 Years of Excellence"

На годинешната конференција на Videojet ЕМЕА регионот, одржана во Dubai, ФОРМА дооел ја доби наградата 8 years of excellence, за осумгодишната работа како официјален Videojet дистрибутер во Македонија и цели десет години присаство на пазарот. Наградата беше врачена од страна на Г-дин Karl Cerny, Vice President & General Manager , Videojet EMEA и г-дин Matt Trerotola, Vice President, Danaher Product Identification platform. Наградата го потврди залагањето на нашата компанија да обезбеди врвна услуга и подршка на нашите клиенти, во претходните 10 години и во годините што доаѓаат.


25.09.2010

Технома 2010

Во рамките на нашата годишна промоција ни претставува задоволство да ве поканиме на меѓународниот саем ТЕХНОМА 2010, кој ќе се одржи на Скопскиот саем од 19-23 Октомври. Нашиот штанд се наоѓа во Анекс 3, помеѓу хала 3 и 4. Ве очекуваме со нашата најнова понуда.


<< previous | | next >>